КАКО ДА РЕАГИРАТЕ ПОЗИТИВНО КОГА ВАШЕТО ДЕТЕ СЕ ОДНЕСУВА ЛОШО

Сподели:

Родителите често се прашуваат кога е соодветно време да започнат со дисциплина на нивните деца. Има ли навистина соодветен начин да ги запознаеме децата со “да” и “не” или “правилно” и “погрешно” на многу мала возраст? Како и да е, бидете одлучни да изнајдете начин како да почнувате да спроведувате дисциплински мерки уште од најрана возраст, со цел да се справите со лошото однесување на вашите деца.

Истражувањата покажуваат дека, нашата реакција на детското однесување игра огромна улога во тоа како тие ќе се однесуваат во иднина. Ако реагирате премногу строго (или недоволно строго) на лошото однесување на вашето дете може да доведе до проблеми кои постојано ќе се повторуваат.

Размислете малку, децата се огледуваат на нас и ние треба да им го моделираме нивното убаво однесување. На најмала возраст, прв модел на однесување кој го восприемаат и следат децата се родителите.

Ако сте размислувале дали да почнете да ги запознавате вашите малечки со концептот за дисциплина, земете ги во предвид следниве совети, но останете секако со позитивен став.

Photo by Bruno Nascimento on Unsplash

5 работи кои треба да ги правите кога вашето дете не се однесува убаво

 

Останете ладни

Знам дека сте имале денови кога сте биле при крај со нервите поради однесувањето на вашите деца. Но, најважото нешто што треба да го запомнете додека вашето дете беснее е да останете мирни и ладни. Ако го изгубите вие вашето трпение, додека се обидувате да го подобрите тоа кај вашето дете, не давате позитивен пример за како детето да се однесува во стресна ситуација. Всушност, вие го правите токму спротивното.

Децата забележуваат сé, и последната работа што ја сакате за вашето дете, е да се чувствува анксиозно и посрамено, од страв дека вие ќе ја изгубите контролата. Наместо тоа, следниот пат кога ќе се почувствувате нервозно или ако ситуацијата ви се гледа премногу тешка за да се справите со неа, наместо да ја изгубите котролата, пробајте да разговарате си нив. Ако зборувате со нив со нормален тон на вашиот глас чуда се случуваат за нивниот ран развој на говорот и вештините при зборување.

 

Не го потенцирајте лошото однесување

Децата секогаш беснеат бидејќи сакаат внимание, било да е тоа позитивно или не. Ако успеат неколку пати да ви го привлечат вниманието со викање и испади, бидете сигурни дека тоа ќе се случува постојано.

Се разбира дека не можете, а и не смеете да го игнорирате лошото однесување постојано. Мора да бидете сигурни дека вашето дете е безбедно. Но, обидете се да одбегнете да му придавате екстра внимание поради негативните исходи. На пример, ако вашето дете почне да вика бидејќи ја сака баш таа играчка во продавницата, речете му дека нема да зборувате со него дури не се смири. Ако продолжи да плаче, движете се низ продавницата како вообичаено што правите и ставете му до знаење дека нема да зборувате со него дури не се смири.

Колку и да ви биде привлечно да му се развикате или да го плеснете по газето, верувајте, штом почнете да го игнорирате и да престанете да му зборувате, веднаш ќе престане со плачење, многу побрзо отколку да му се развикате пред толпа луѓе и да привлечете уште повеќе несакани погледи.

 

Не пропуштајте прилика да го пофалите за доброто однесување

Се покажало дека децата многу позитиво реагираат на одобрување, пофалба и охрабрување. Пофалбата, не само што го прави вашето дете да се чувствува поспособно, туку позитивно влијае и на неговата самодоверба. Затоа, гледајте што почесто, намерно да му давате пофалба за неговото добро однесување и убави навики.

Ако вашето дете не добива охрабрување за неговиот труд и добро однесување, тоа ќе се сврти кон лошото однесување за да ви го привлече вниманието.

 

Бидете одлучни

Вообичаено, кога родителите бараат од детето нешто да направи, со цврст и решителен тон, тоа знае дека нема друг начин да се направи нештото освен како што му е кажано. Но, не е секогаш така.

Како и да е, секогаш зборувајте со вашето дете на смирен и тивок начин, но секако ставете му до знаење дека тоа што му го наложувате, треба да биде направено.

И, се разбира, да бидете одлучни не зачи дека треба да им викате и да бидете злобни кон нив. Да бидете одлучни значи да не им попуштате лесно.

Pixabay

Научете да ги прифаќате грешките

Децата прават грешки при своето однесување, исто како и возрасните. Многу е важно да се запомне дека децата не се возрасни и дека им недостасува многу од искуството и знаењето што родителите го имаат.

Лошото однесување можеби не е пожелно, но тоа е нормален дел развојот на нашите деца. Во процесот на учење на добро однесување, следниот пат наместо да го карате за лошото однесување,  помогнете му да сфати како да се подобри. Нашата работа, како родители е да му помогнеме да научи како да се справува со светот околу него.

Ако реагирате негативно на неговото лошо однесување, може негативно да влијаете не само на неговото детство, туку и на неговото подоцнежно родителство.

 

Како и да е, обидете се да ги применувате советите кои ги споделивме со вас, одржувајте позитивен и трпелив став и бидете сигурни дека вашите деца ќе развијат позитивни навики исто така.

Како реагирате вие кога вашите деца се однесуваат лошо?

Сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.