Кога сте дома однесувањето на вашите деца го имате под контрола. Но, штом излезете надвор, играта се менува. Децата некако откриваат дека може да им прогледате низ прсти кога се на јавни места. Поради ова не пропуштаат можност да ги испитаат своите ограничувања. Дополнително, има многу надворешни влијанија на нивното однесување и многу работи им го одземаат вниманието. Значи има големи шанси тие да избегнат да го контролираат своето однесување кога се во јавност.
Која и да е причината за лошото однесување на вашето дете, вие сте тие кои треба да се справите со тоа во јавност. Тоа на моменти е тешко и заморно, особено ако сте интровертен родител, на кој му пречат погледите од типот „Смири си го детето!„ или „Колку немирни деца!„.
Ви нудиме неколку совети од детски терапевти за тоа како да го спречите или ублажите лошото однесување на вашето дете кога сте во јавност, и секако, да се чувствувате полни со самодоверба дека правилно постапувате.
Вежбајте стратегии на управување на однесувањето по дома
Осигурајте се дека прво дома можете да се справите со проблемите со однесувањето. Потоа, применувајте ги овие стратегии постојано. Штом се навикнете да користете одредени родителски стратегии додека сте дома, многу ќе ви биде полесно да ги користите истите кога ќе сте надвор, во јавност. Ако е возможно, воздржете се од излегување се додека не се почувствувате доволно сигурни во справување со однесувањето на вашето дете.
Планирајте однапред
Секогаш планирајте однапред, уште пред да излезете од дома, како ќе го наградите убавото однесување или како ќе ја намалите штетата од лошото однесување. Никогаш не го заборавајте вашиот план Б, односно, никогаш не ги заборавајте играчките, сликовниците, грицките итн, сите оние помошни средства кои ќе ви помогнат да ги држите вашите деца окупирани и со полни раце, за да бидат среќни постојано.
Пред да влезете во јавен локал, испитајте ги вашите очекувања
Повторете си ги сите важни правила и очекувања, како и последиците, уште во колата или пред да влезете во локалот. Обидете се да го натерате вашето дете да ги каже правилата само, така ќе бидете сигурни дека ве слушало и внимавало кога сте му зборувале.
Ангажирајте го вашето дете и дајте му задачи додека сте надвор
Ако го ангажирате вашето дете со нешто додека сте надвор, ќе спречите тоа да почувствува досада или да се однесува лошо. Обидете се да го окупирате со забавни игри или барем до нешто да биде окупирано. Давајте му забавни задачи додека купувате, нека ви кажува на која страна да ја туркате количката во супермаркетот, или додека чекате ред во банката нека бара интересни детали во просторијата или луѓето околу него. За секој случај имајте играчки или работи со кои ќе може да се занимава.
Пофалете го и наградете го секогаш за убавото однесување
Пофалете го вашето дете за доброто однесување, се со цел да го одржувате на вистинската патека и да му покажете дека му посветувате внимание. Секогаш посочете му ги на вашето дете добрите работи што ги прави. Ако користите мали награди за доброто однесување, не заборавајте да му ги дадете додека сте надвор или штом ќе дојдете дома, но веднаш по добриот чин, бидејќи само така наградите би имале некое значење, а така го намалувате и ризикот вашето дете да почне лошо да се однесува пред да му ја дадете наградата.
Периодично потсетувајте го вашето дете на правилата
Ова потсетување правете го посебно на места за кои знаете дека вашето дете вообичаено лошо се однесува. Секогаш, во овој случај, повторете ги правилата на директен и прецизен начин.
Бидете подготвени за последици ако е потребно
Ако планирате да го искористите “тајмаут” како средство за дисциплина, во секој случај разгледајте расположливи места за тоа во локалот каде што ќе поминете време. Алтернатива за тајмаут место може да биде и вашата кола.
Кога сте излезени, тајмаут времето може да биде пократко, пред да излезете помислете колку тоа би траело, не одлучувајте во моментот додека вашето дете го користи или во никој случај не му дозволувајте на вашето дете да ви каже кога е доста.
Уште еден совет
Кога се трудите да одлучите како најдобро да се справите со однесувањето на вашето дете во јавност, обидете се да ја откриете причината за лошото однесување. Потоа, обидете се да не му го дадете на вашето дете тоа што го сака за да научи дека само со добро однесување може да добие што сака. На пример, ако вашето дете почнува да збеснува бидејќи сака да си одите од продавницата, заминувањето во истиот момент не е најдобра идеја. Од друга страна ако вашето дете си поминува убаво, но почнува да збеснува, тајмаут е едно од убавите решенија, како и тоа да си заминете од таму.
За крај, иако ве гледаат многу луѓе кога сте излезени, запаметете дека вие знаете што е најдобро за вашето дете и правите најдобро што можете. Не се грижете за тоа што другите мислат или велат. Најчесто гласните посматрачи се оние кои немаат деца или заборавиле како е да имаш мало дете.
Се надевам дека овие совети ќе ви помогнат. Што правите вие за да го спречите лошото однесување на вашите деца во јавност?