Доброто однесување на децата почнува од дома, како и неколку други добри карактеристики како емпатија, почит и самодоверба.
Денешните деца имаат многу ниска самодоверба. За тоа се одговорни повеќе фактори, како агресивноста од други деца во училиште, медиумите кои нудат информации со експицитно насилство и нецензурирани за деца од мала возраст, компјутерски игри кои изобилуваат со насилство, и многу други фактори.
Родителите не можат да контролираат штоо се случува во училиште, но затоа имаат контрола на едне аспект од животот на нивните деца, а тоа е домот. Со мали интервенции, може да се создаде безбеден дом кој ќе влијае на детското однесување, ќе ја зголемува самодовербата на децата, и кој ќе создава деца со изразена емпатија подготвени да им помогнат на другите, а во исто време и самокритични.
Делете пофалби
Делете им пофалби на вашите деца, но не премногу. Додека постојаните критики го прават вашето дете да се сомнева на своите способности, прекумерната доза на пофалби можат да го надуваат неговото его и да предизвика лош однос кон другарите. Пофалете го за добрата и успешна работа која ја завршил и чувствувајте се слободно да му дадете конструктивна критика секогаш кога треба.
Покажете им наклонетост
Ќе бидете изненадени што можат да направат една прегратка и едно “Те сакам” за самодовербата на детето. Не само што го потсетува дека се грижите за него, туку, ќе му стане удобно да покажува чувства и со тоа во иднина ќе му биде полесно да ги пребродува тешките моменти.
Забранете ја негативноста
Знам, полесно е да се каже, отколку да се направи. Но, сепак, е возможно да го примените дома. Сите ние од време на време ја губиме сопствената самодоверба и многу е тешко да ги избегнеме лошите мисли, но започнете со едноставно забранување на лошите зборови кои вашето дете најмногу ги користи (како грд, дебел или глупав). Значи, сосема е сигурно дека овие зборови ќе ги слуша во училиште и на улица, но ако дома се забранети, тука ќе има безбедна околина засекогаш кога ќе биде тажно.
Бидете добар пример
Како што вели поговорката, применувај го она што го предаваш. Ако се нарекувате себе си глупави или ако ги одбегнувате одговорностите, тогаш, најверојатно и вашето дете ќе го прави истото. Гледајте на ова не само за да ја зголемите самодовербата на вашето дете, туку да ја подобрите и вашата.
Поминувајте време заедно
На секој родител му треба време за себе, но, ако поминувате многу време сами со себе, вашите деца ќе заклучат дека не се грижите за нив. Затоа, исклучете го телефонот и поминете малку време и со нив. Поминувајќи време со нив, без разлика дали се шетате низ паркот или зборувате со нив додека ручате, ги правите да се чувствуваат важни, а со тоа им ја зголемувате самодовербата.