КАКО ДА ИЗРАСНЕТЕ ВНАТРЕШНО МОТИВИРАНИ ДЕЦА

Сподели:

Колку добро би било децата да прават сé што треба, а да не побарате од нив. Сите знаеме дека тоа не е возможно бидејќи децата не се така програмирани. Тие ги прават работите по свое, а тоа многу често значи спротивно од она што им велат родителите. Бидете сигурни дека може да израснете внатрешно мотивирани деца, доколку секојдневно работите на тоа.

 

Неколку начини за да израснете внатрешно мотивирани деца:

 

Pixabay

Дајте му на вашето дете одговорност

Децата се многу помотивирани ако имаат одговорност пред нив. Доколку не им давате никакви обврски и задачи на вашите деца, тие никогаш нема да бидат мотивирани да направат нешто, особено нема да бидат внатрешно мотивирани. Многу е важно да им го вградиме концептот дека доколку нешто сакаме да имаме треба за тоа да се потрудиме да го направиме. На пример, ако сме гладни треба да испазариме и да зготвиме јадење; ако не можеме да најдеме некоја играчка треба од време на време да си ја средуваме собата.

 

Бидете пример

Ако сакате да израснете внатрешно мотивирани деца, многу е важно да бидете добар пример. Не очекувајте вашите деца да бидат нешто што вие самите на сте. Ако вашите деца ве гледаат како ги извршувате работите без одложување, или без некој да ве замоли, тие ќе увидат дека вие сте внатрешно мотивирани и тоа со сигурност ќе заживее во нив.

Pixabay

Сакајте ги вашите деца без разлика на сé

Вашите деца треба да видат дека ги сакате без разлика дали се внатрешно мотивирани или не. Но, децата кои се сакани и се свесни за тоа, поверојатно е дека ќе ги извршат задачите без вие да инсистирате. Помалку време ќе поминуваат во муртење, а повеќе во мотивирано делување. Вие, како родител, сте главна компонента во емоционалниот успех на вашето дете.

 

Обиди и грешки

Дајте им на вашите деца можност да се мотивираат сами да носат одлуки за нивниот живот. Дајте им неколку можности во кои ќе се обидат самостојно да успеат, но и да згрешат. Децата на тој начин ќе учат од сопствените успеси и грешки.

Pixabay

Мојата 10 годишна ќерка сака да готви сама. Јас и мојот сопруг и сме голем пример и веќе ја научивме на основните техники. Кога готви таа, ние стоиме понастрана од кујната освен ако не нé замоли да и помогнеме. Силно е мотивирана да успее сама без ние да и кажуваме што треба следно да направи или каде греши. Тоа што ја оставаме сама да се подобрува навистина ја мотивира. Ако направи грешка, уште повеќе е мотивирана за следниот пат да биде подобра. Исто така, знае дека чистењето после готвењето е дел од самиот чин, и тоа сама го завршува. Кога ќе ме види како чистам во кујната, се нуди да ми помогне бидејќи веќе знае каква работа е тоа. – Кристина, 39

 

Како им помагате вие на вашите деца да растат во внатрешно мотивирани деца? 

Сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.