МОНТЕСОРИ НАСТАВА ВО ПРИРОДА

Сподели:

Пролет е! Времето е прекрасно. Не држете ги децата затворени дома пред компјуер и таблет. Изведете ги надвор и предложете им игри во природа. Забавувајте се заедно со нив.

Ви предложуваме листа од забавни активности за Монтесори настава во природа. Марија Монтесори верувала дека на наставата во природа е соодветно дополнување на активностите кои се одвиваат во училница, и дека мора да постои хармонија помеѓу активностите во и надвор од училница. Активностите во природа  обезбедуваат идеална можност за развивање на сетилата. Детето го открива светот преку своите сетила, пример, преку гледање, мирисање, слушање, чувствување, и да, исто така, со тоа природата му нуди на детето сериозни лекции за растенијата, животните, СТЕАМ активностите, итн.

Ана Ботсфорд Комсток, автор на Прирачник за истражување на природата, го нагласува набљудувањето како основа за едукација на отворено.

“Учењето во природа се состои од едноставно набљудување и конечно разбирање и восприемање на една логична целина.„

Pixabay

Клучни принципи за Монтесори настава во природа

Кои се клучните принципи за Монтесори настава во природа? Исти како и за Монтесори настава во училница. Еве неколку клучни:

– Водење на детето
– Добро подготвена средина
– Учителот за водич
– Слобода во широки размери
– Внатрешна мотивација
– Набљудување на детето

“Детето, повеќе од било кој друг е набљудувач на природата.„ – Марија Монтесори

 

Монтесори активности за настава во природа

Практични вештини

  • Игра со вода
  • Игра со песок
  • Преместување предмети
  • Лупење
  • Плевење во градината
  • Ткаење
  • Претурање на течност
  • Грижа на растенија
  • Грижа за животни
  • Одење по линија
  • Медитација
  • Јога

Сензорни вештини

  • Испитувајте ги формите во природа (камења, лисја, песок)
  • Редете и складирајте
  • Направете кула од стапчиња
  • Направете кула од камења
  • Истражете ги геометриските облици на предметите во природата
  • Идентификувајте мириси
  • Слушајте го чекорот
  • Истражетете ја текстурата во природата
  • Споредувајте текстури
  • Разликувајте бои
  • Споредувајте облици
  • 2Д и 3Д моделирање
  • Игра за препознавање со едно изгубено сетило (со затворени очи, затворени уши, затворен нос)
Pixabay

Јазик и Говор

  • Разговарајте додека пешачите во природа
  • Раскажувајте приказни
  • Изберете си дрво и раскажете приказна за него
  • Одете на лов на предлози, именки, глаголи, придавки
  • Составувајте реченици од дадени зборови
  • Именувајте текстури
  • Составувајте букви од стапчиња
  • Вежбајте предлози (над, под, зад) со вашите тела или пак со некои предмети
  • Пишете букви во кал или песок
  • Препознавајте звуци
  • Играјте „На буква, на буква„
  • Напишете збор со креда и другите треба да го направат тоа (пр. скокај, лази, плескај со раце)
  • Говорна игра (пр. кога кажувам именка – стоиш на една нога, а пак, кога кажувам придавка – седнуваш)

Математика

  • Мерете го растот на растенијата
  • Броење семиња
  • Направете табла за сметање од камења
  • Споредувајте ја симетријата на лисјата
  • Броите птици, дрвја, семиња, лисја итн.
  • Пресликувајте ги предметите кои сте ги собрале во природа

Наука и Инжинерство

  • Направете свој природо-научен музеј
  • Изработете едноставни машини од природни предмети, како стапчиња и камења
  • Градете кули
  • Испитувајте го животниот циклус во природата
  • Садете семиња
  • Ползете, качувајте се и скокајте со едно отворено око
  • Мерете го пулсот пред и после трчање, скокање, шетање
  • Нацртајте си ја сенката
  • Направете сончев часовник
  • Идентификувајте ги звуците на птиците
  • Направете уред кој ќе ја мери брзината и правецот на ветрот
  • Посматрајте го времето
  • Набљудувајте ги облаците
  • Истажете примерок од вода од езерото или барата
  • Градете со природни материјли
  • Изградете брана
  • Учете летање
  • Проучувајте ги карпите
Pixabay

Географија

  • Разговарајте за животните во вашата област и нивните живеалишта
  • Направете разлика помеѓу животни преселници, хибернатори и оние кои се приспособуваат на временските услови
  • Препознајте кој дел од денот е според дневната светлина
  • Истражувајте ги ѕвездите
  • Земја, воздух и вода
  • Посетете различни рељефи на земјишта или направете ги истите од природни материјали
  • Соберете, истражете и проучете карпи и минерали од вашата област

Уметност и Музика

  • Направете колаж од природни материјали
  • Боење на ливчињата од цветовите
  • Нацртајте што сте виделе и посетиле дента
  • Создадете песна
  • Танцувајте на звуците на природата
  • Проучете ги звуците и ритмите на природата
  • Направете музички инструменти од природни материјали
  • Движете се ритмички како животните во природата

Корисни алатки

  • Лупа
  • Двоглед
  • Бои
  • Корпи за собирање
  • Шишиња со вода
  • Креда
  • Коноп

 

Очекуваме да ни раскажете како сте поминале на вашата прва Монтесори настава во природа!

Сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.