ШТО ДА НАПРАВИТЕ ОТКАКО ЌЕ ИМ СЕ РАЗВИКАТЕ НА ВАШИТЕ ДЕЦА

Сподели:

Не постои родител кој некогаш не им се развикал на своите деца. Колку и да се трудите да воспоставите добра комуникација со нив и позитивно да реагирате кога вашите деца се однесуваат лошо, сепак, понекогаш го губите трпението и им се развикувате. Тоа е пропратен дел од родителството, но може да работите на тоа да ја подобрите комуникацијата со вашите деца.

 

Што да направите откако ќе им се развикате на вашите деца?

 

Сте се развикале? Имате грижа на совест? Што сега? Еве неколку работи што може да ги направите откако ќе му се развикате на своето дете, со цел да си помогнете себе си и на детето, и да продолжите понатаму.

Pixabay

Смирете се

Најчесто им викате на своите деца бидејќи сте преоптоварени и фрустрирани. Секојдневните обврски и проблеми со кои се соочувате, често се причина да не можете да ги контролирате своите емоции, и да им се фрлите на вашите деца. Овие чувства не исчезнуваат откако ќе им се развикате, дури и после тоа се чувствувате полошо, напнато, вознемирено и виновно. Доколку не направите ништо откако сте им се развикале, и не ја насочите правилно енергијата, работите нема да се променат.

Земете си една минута да се смирите и да се ослободите од стресот. Во ред е да им кажете на своите деца дека ви треба момент за да смирите. Всушност тоа е и добар пример за вашите деца бидејќи тие ќе разберат дека ви треба момент, кога сте надвор од контрола, за да ги разберете вашите чувства, да се смирите и да размислите пред да продолжите понатаму.

 

Извинете се

Откако ќе се смирите, следно што треба да направите е да се извините.

Извинете им се на вашите деца што сте се развикале, што сте ги исплашиле или вознемириле. Извинете се што не сте ги кажале работите на подобар начин, и не сте пробале смирено да разговарате со нив.

Секогаш извинете се кога ќе згрешите. Така вашите деца ќе имаат позитивен пример, и ќе научат дека сите ние сме луѓе и сите грешиме понекогаш, но дека кога ќе згрешиме превзимаме одговорност за нашите постапки и се извинуваме. Ќе забележите како и тие во иднина ќе го следат тој пример.

Pixabay

Објаснете им

После извинувањето објаснете им зошто сте викале. Треба да им објасните зошто сте биле лути, и со што тие допринеле за таа ваша реакција.

Исто така објаснете им и зошто не сте успеале на подобар начин да се справите со ситуацијата. Не можете да очекувате од вашите деца да знаат дека сте уморни, под стрес или дека сте имале лош ден на работа. Мора да им го кажете тоа.

Објаснете им и како сте се справиле со целата ситуација откако сте се развикале. Така и тие ќе научат како да се однесуваат во слична ситуација.

 

Разговарајте

Викањето, смирувањето, извинувањето и објаснувањето не се доволни, па затоа треба да направите уште нешто за да ја поправите ситуацијата.

Имајте подготвен план како да настапите во ваква ситуација. Смирено разговарајте со вашите деца и направете план за справување со проблемот. Прашајте ги децата што ги мачи и како може заедно да го решите проблемот.

Pixabay

Поврзете се со вашите деца

Треба време за да се поврзете со вашите деца. Моментите кога сте се нашле во ситуација да им се развикате се добар потсетник дека треба да ја обновите комуникацијата со нив. Покажете им дека се грижите за нив, и тие ќе имаат повеќе доверба во вас, ќе слушаат што им зборувате, ќе ги прифатат забраните кои сте ги поставиле, и ќе бидат отворени сами да започнат разговор со вас кога имаат потреба од тоа. На тој начин ќе спречите да дојде до слична ситуација во иднина.

 

Простете си

Наместо да чувствувате вина, простете си себе си. Секој родител може да згреши, но исто така може да ја подобри ситуацијата.

 

Како вие се справувате во слична ситуација? Би сакале да го слушнеме вашето искуство. Споделете со нас во коментар.

Сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.