Повеќето мајки ги споредуваат своите деца со туѓи, кои се на иста возраст како нивните. Го правите ли и вие ова? Се наоѓате ли себеси како ги преиспитувате своите родителски вештини ако вашето бебе гугнало подоцна отколку она на вашите пријатели?
Опуштете се! Секое бебе е различно. Но, ако сакате да се уверите дека вашето најмило расте како што треба, дозволете да ви помогнеме!
12 Главни фази на развој кај децата:
Ви ги набројуваме главните фази на развој кај децата. Ако сакате да дознаете нешто повеќе само продолжете да читате.
-
Еден до два месеци
Помеѓу времето од кога бебето ќе се роди и ќе наполни два месеци, тоа може да ги развие следниве вештини:
- Моторички вештини: Вашето доенче може да го држи главчето исправено и црсто додека го држите во раце.
- Говорни вештини: На оваа возраст може да гуга.
- Социјални вештини: Сега е време за љубов кон другите лица! Вашето доенче ќе сака да гледа во нови, непознати лица. Во оваа фаза може да покажува знаци на насмевка!
-
Три месеци
Кога вашето доенче ќе наполни три месеци ќе ги има развиено следниве вештини:
- Моторички вештини: Ќе може да се исправи самостојно на рачињата додека лежи на стомаче. Ќе почне да се врти од странична положба на грб.
- Говорни вештини: Ова е времето кога вашето малечко станува свесно за својот глас и ќе почне да гуга во изобилие.
- Социјални вештини: Обожава да гледа нови лица и да им се смее, веќе станува социјална личност сакана од околината.
-
Три до пет месеци
Периодот од три до пет месеци е многу интензивен кога станува збор за развојот на детето.
- Моторички вештини: Бидете спремни за рок-ен-рол бидејќи вашето малечко сега ќе може да се врти од меше на страна! Ќе може да се крепи на лактови, да се исправува и само да ја исправува главата подолго време.
- Говорни вештини: Време е да слушате звуци како „ииии-хааа„, да гледате прекрасни балончиња како излегуваат од неговото усте и да го слушате најслаткото смеење.
- Социјални вештини: Вашто бебе е во најдружељубива фаза во оваа возраст.
-
Шест месеци
Првата половина од првата година на вашето бебе помина како во сон. Можете да испуштите звук на олеснување и да почнете да им се радувате на активностите кои допрва ќе следат.
- Моторички вештини: Вашето бебе сега ќе може да префрла предмети од едното во другото раче. Ќе може само да се исправа во стоечка положба и да седи со поддршка.
- Говорни вештини: Спремете се за малку врева!!! Вашето бебе сега ќе почне да испушта звуци од два слога и истовремено да гуга.
- Социјални вештини: За прв пат ќе се сретнете со знаци на вознемиреност од непознати личности и тоа треба да ви биде индикатор за работите кои ќе следат.
-
Девет до десет месеци
Дојде време да ја обезбедите вашата куќа за вашето бебе да може лесно и сигурно да се движи низ неа.
- Моторички вештини: Помеѓу осум и десет месеци повеќето бебиња почнуваат да лазат и додека го прават тоа собираат работи на кои ќе наидат со своите прстиња.
- Говорни вештини: До овој момент вашето бебе е мајстор за гугање и никогаш не престанува да испушта звуци.
- Социјални вештини: Вознемирноста од непознати е во полн замав и затоа бебето постојано ќе биде раздразливо.
-
Една година
Првиот роденден на вашето малечко се наближува, па очекувајте ги следниве развојни промени:
- Моторички вештини: Ќе се обидува да се исправува и да стои задржувајќи се за мебелот. Некои малечки успеваат, на оваа возраст и самостојно да стојат неколку мигови.
- Говорни вештини: Вашето малечко брзо ја развива способноста за говор. Mоже да изговара два до три збора, но тие не мора да имаат некакво значење.
- Социјални вештини: Облекувањето треба да биде забавно на оваа возраст. Вашето малечко сега ќе почне да соработува со вас. Ќе почне да мафта за довидување и да разбира едноставни наредби.
-
Осумнаесет месеци
- Моторички вештини: До осумнаесет месеци, повеќето малечки веќе одат самостојно, без ничија помош. Можат да собираат играчки од подот без да седнуваат, да се качуваат и да се симнуваат, дури и да скокаат! Можат да фрлаат топка и да редат 3-4 коцки една над друга за да изградат кула.
- Говорни вештини: Вашето малечко сега изговара многу зборови, и дел од нив се дури и разбирливи.
- Социјални вештини: Има голема потреба од вас, постојано. Може самостојно да пие од чаша и да јаде со лажица.
-
Две години
Ужасните две се овде! Што да очекувате? Читајте понатаму!
- Моторички вештини: Вашето малечко сега веќе трча. Може да изгради кула со 6 коцки.
- Говорни вештини: Конечно може да разговарате со вашето дете. Може без мака да сврзе три до четири зборови за да формира реченица.
- Социјални вештини: Време е да почнете да штедите на пелените. Повеќето малечки на оваа возраст се учат да бидат суви преку ден.
-
Три години
Третата е забавна година. Ова е возраст на брзо растење.
- Моторички вештини: На три години вашето малечко треба да имитира движење со рацете и да црта човек. Може да направи кула од девет коцки.
- Говорни вештини: Се уморивте ли од неговите прашања?! Издржете, ова е само почетокот! Вашиот радозналко сега може да разговара со целосни реченици.
- Социјални вештини: Вашето малечко има голема потреба од вас, но сега се обидува самостојно да се облекува и соблекува.
-
Четири години
Вашето дете има четири години! Што да очекувате сега?
- Моторички вештини: Повеќето четиригодишни деца можат да скокаат на една нога.
- Говорни вештини: Вашето дете сега е извор на прашања. За се е љубопитно на оваа возраст.
- Социјални вештини: На оваа возраст може само да се облекува. Но, повеќето четиригодишници можат сами да се облекуваат и соблекуваат и сами да го користат тоалетот.
-
Пет години
Раното детство на вашето малечко скоро завршува. Поголемиот дел од интелектуалниот и физичкиот развој е на самиот врв сега.
- Моторички вештини: На пет години, вашето малечко може да скока со двете нозе, дури и да прескокнува. Може да црта и тоа да биде разбирливо.
- Говорни вештини: Секој ден учи нови зборови. Говорот на оваа возраст веќе му е течен.
- Социјални вештини: На оваа возраст се облекува и соблекува без помош на возрасен.
-
Шест години
Шест години! Каде летна времето?!
- Моторички вештини: Вашето дете знае да разликува десно и лево, и може да брои на прсти.
- Говорни вештини: Може да зборува течно.
- Социјални вештини: Сега имате скоро независна личност која заличува на мини возрасен човек.
Раниот детски развој на почеток изгледа како долготраен процес, но поминува пред да забележите. Запомнете, фазите и пресвртниците на раниот детски развој се флексибилни. Не го поминувајте времето грижејќи се непотребно за некое минимално доцнење, освен во случај ако вашето дете забележително и значително доцни во развојот.
Наместо да се грижите непотребно, работете со вашето дете во развивање на неговите когнитивни и моторички вештини низ игра.