СОЦИЈАЛНИ ВЕШТИНИ И ЕМОЦИИ КАЈ ДЕЦАТА: ШТО ДА СЕ ОЧЕКУВА НА РАЗЛИЧНА ВОЗРАСТ

Сподели:

Како вообичаено се развиваат социјалните вештини и емоциите кај децата на различна возраст? Овој редослед ви воочува што би можеле да очекувате од вашето дете во текот на развојот.

emocii dete
Слика: Pixabay

Децата растат и се развиваат во чекори, но постојат одредени фази во социјалниот и емоционалниот развој кои треба да се очекуваат на одредена возраст на детето. Следењето на напредокот на вашето дете, во однос на развојот на социјалните вештини и емоциите, открива како подобро да го разбирате детето и правилно да комуницирате со него. Ви претставуваме преглед на вообичаени однесувања во текот на развојот на детето.

Новороденче и Бебе

  • Од 2 месеци

    • Почнува да се смее и гледа директно во вас
    • Плаче со цел да му се задоволат потребите
    • Повремено само се смирува цицајќи ги своите рачиња или прсти
  • Од 4 месеци

    • Спонтано се смее и игра
    • Заплакува кога престанува со игра
    • Почнува да се поврзува со вас имитирајќи ги вашите фацијални експресии
  • Од 6 месеци

    • Почнува да разликува кои лица му се познати, а кои непознати
    • Одговара на вашите емоции со плачење, насмевнување или смеење
    • Ужива да се гледа себеси во огледало
emocii bebe
Слика: Pixabay
  • Од 9 месеци

    • Почнува да покажува невообичаена вознемиреност
    • Почнува да преферира одредени играчки во однос на други
    • Може да заплаче доколку некое познато лице не му е во близина
  • Од 12 месеци

    • Игра омилени игри со лица кои му се познати
    • Поинтерактивно е (на пример, ви подава играчка или книга, или прави карактеристичен звук за да привлече внимание)
    • Ужива во едноставни интерактивни игри

Мало дете и Предучилишна возраст

  • Помеѓу 18 месеци и 2 години

    • Има почести периоди на бес и станува пркосно во обид да ја изрази својата независност и да ја зголеми комуникацијата
    • Почнува да игра едноставни игри на улоги, често имитирајќи ги возрасните и другите деца
    • Сака присуство на други деца во негова близина, но почесто преферира да нема интеракција во играта со нив (игра паралелни игри наместо кооперативни)
emocii devojcinja
Слика: Pixabay
  • Помеѓу 3 и 4 години

    • Почнува да изразува и вербализира поголем спектар на емоции
    • Се интересира за играње улоги, но може да ги помеша реалното со замисленото
    • Спонтано покажува учтивост и грижливост
    • Почнува да игра со други деца и полесно се одвојува од вас
    • Може сеуште да има нагли промени во однесувањето поради промена на неговата рутина или незадоволување на неговите потреби

Дете во Нижо Основно училиште

  • Помеѓу 5 и 6 години

    • Свесно е за неговиот пол, и може да преферира игри само со другарчиња од сопствениот пол
    • Ужива во игрите со другите деца и станува покомуникативно и независно
    • Ги тестира границите кои му се дозволени, но сеуште не ги прекршува, и е во состојба да помогне и угоди некому
    • Почнува да чувствува срам
  • Помеѓу 7 и 8 години

    • Станува посвесно за туѓите гледишта
    • Може да негодува во поглед на дружењето или за реакциите на другите деца
    • Сака да се однесува убаво, но не внимава многу на вашите насоки
    • Се обидува да ги покаже своите чувства со зборови, но може да реагира агресивно кога е вознемирено
agresija dete
Слика: Pixabay
  • Помеѓу 9 и 10 години

    • Почнува да одбира свое друштво на врсници со кои ги споделува своите тајни и со кои може да се шегува
    • Може да се повлекува од семејните активности и разговори, со цел да почне да развива свој сопствен идентитет
    • Покажува приврзаност, шегување и љубопитност, но може да покаже и себичност, неучтивост и напад

Дете во Вишо Основно и Средно училиште

  • Помеѓу 11 и 15 години

    • Почнува да размислува пологично
    • Станува интроспективно и со променливо расположение, и потребна му е приватност
    • Го вреднува мислењето на другарите и на околината се повеќе и повеќе
    • Може да испробува нови идеи, стилови на облекуање и начини на однесување во обид да го најде оној во кој најмногу се пронаоѓа
emocii tinejdzer
Слика: Pixabay
  • Помеѓу 16 и 18 години

    • Се бори за независност и може да почне емоционално да се одвојува од вас
    • Пробува да ги открие сопствените силни и слаби страни, кои ќе му помогнат да изгледа самодоволен, импулсивен и со променливо однесување
    • Покажува горделивост при постигнат успех
    • Почнува да се интересира за состанување и поминување многу време со своите пријатели
Сподели:

Comments

  1. Vladanka says:

    Одличен пост, навистина живееме во брзо време и немаме простор ниту можност да се фокусираме на развојот кај децата, дури не го ни забележуваме. Одлично објаснети фазите на развој – мислам дека им се најкорисни на најмладите родители – ќе го споделам со братучетка ми која има мало детенце – мислам дека одлично ќе и дојде. Ти благодарам.

    1. 4kidslab says:

      Благодарам Владанка. Се надевам дека ќе им бидат од корист на родителите со цел да го пратат развојот на нивните деца. Благодарам и за споделувањето на постот со вашите блиски луѓе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.