ДЕТСКИ СТРАВОВИ СПОРЕД ВОЗРАСТА

Сподели:

Додека растат, децата имаат различни стравови и грижи. Тоа се вообичаени детски стравови тои тежнеат да се совпаѓаат со одредена возраст на децата. Сите деца имаат стравови. Вашето бебе може да прсне во плач ако некој непознат го подигне во раце. Вашето малечко можеби се плаши од кучиња. На вашиот трето-одделенец може да го заболи стомакот на првиот ден од школската година во новото училиште. Но, некои деца се грижат повеќе од други. Секогаш е многу болно за еден родител да гледа како неговото дете се бори со вознемиреност, но посебно е тешко кога не сте сигурни дали вашето дете се грижи премногу или можеби му треба помош.

Photo by Bruno Nascimento on Unsplash

Прочитајте кои се најчестите детски стравови. Како и повеќето работи, така и оваа листа, не е потполна, некои деца може да имаат поразлични стравови од други на иста возраст или да имаат страв од нешто што не е соодветно за нивната возраст.

 

Детски стравови за возраст 2-4 години

Стравовите поврзани со хигиенските навики и одењето во тоалет се најчести во оваа возраст.

  • Се грижи дека може да боли додека врши голема нужда.
  • Се грижи да не падне во WC школката.
  • Се плаши од звукот што го прави водата од казанчето.
  • Загрижено е да не излезат бубачки додека седи на WC школката.
  • Се грижи да не ги извалка рацете додека врши нужда.
  • Се плаши од темница.
  • Се плаши од плакари.
  • Се плаши да спие само.
Photo by Jelleke Vanooteghem on Unsplash
  • Се плаши од грмотевици.
  • Се плаши од сенки.
  • Се плаши од гласни звуци (од правосмукалка, од камион за ѓубре, огномети итн.).
  • Се плаши од ненадејни, силни звуци.
  • Се плаши да биде одделено од своите родители.
  • Се плаши од лизгалки, гумени замоци на кои може да се скока и скалила од јаже.
  • Се плаши од луѓе кои носат маски и костими.
  • Се плаши од непознати луѓе.
  • Се плаши од бубачки, птици, кучиња и други животни.
  • Се плаши од ТВ емисии – дури и од детските кои имаат понасилна содржина.
  • Се плаши од подвижни скали.
  • Се плаши да не се загуби.
  • Се плаши од вода, када или базен.

 

Детски стравови за 5-7 години

  • Се грижи дека WC школката може да се преплави.
  • Се грижи бубачки да не излезат од WC школката.
  • Се грижи дека може да го боли додека врши голема нужда.
  • Се плаши од темница.
  • Се плаши од тоа што може да има под креветот.
  • Се плаши од чудовишта, зомби и диносауруси.
  • Се плаши од духови и надприродното.
  • Се плаши од плакари и подотворени врати, или кога вратите изпуштаат звук додека полека се отвораат.
  • Се плаши од ТВ емисии кои се страшни.
Photo by Ludovic Toinel on Unsplash
  • Се плаши да не биде одвоено од родителите.
  • Се плаши од наставници кои им викаат или покажуваат разочарување кон нив.
  • Се плаши од тестови (тестови по математика, диктати итн.).
  • Се плаши врсниците да не не го сакаат.
  • Се плаши од доктори, забари, инекции и други медицински препарати.
  • Се плаши од подвижни скали и лифтови.
  • Се плаши од вода и базени.
  • Се плаши од ненадејни, гласни звуци.
  • Се плаши од бубачки, инсекти и животни.

 

Детски стравови за 8-11 години

  • Се плаши од темница (овој страв се чини не исчезнува).
  • Се плаши од плакари и звуци кои доаѓаат од темни места (или вратата кога е подотворена).
  • Се плаши од духови, натприродни случувања и зли духови.
  • Се плаши од лоши луѓе, да не биде повреден или да не го киднапираат.
  • Се плаши да биде дома сам.
  • Се плаши од хорор филмови.
  • Се плаши дека нешто лошо ќе им се случи на родителите кога не се со него.
  • Се плаши од смрт.
  • Се плаши од болести, непознати болки и повреди.
  • Се плаши да не потфрли во училиште, иако добро му оди.
  • Се плаши од тестови и испрашување.
  • Се плаши да не поврати во јавност или во училиште.
  • Се плаши да не му се потсмеваат врсниците.
  • Се плаши од немање другарчиња.
  • Се плаши од наставници кои му викаат или покажуваат разочарување кон него.
Photo by Hunter Johnson on Unsplash
  • Се плаши да не ги разочара родителите.
  • Се плаши од бактерии и страв му е дека можеби ќе се разболи.
  • Се плаши од доктори, забари, инекции и други медицински препарати.
  • Се плаши од одредени ТВ серии.
  • Се плаши од бубачки, инсекти и животни.
  • Се плаши од висина.
  • Се плаши од возење во забавен парк.
  • Се плаши од лифтови.
  • Се плаши од бури и природни катастрофи.

 

Детски стравови за 12-18 години

  • Се плаши од темница (сеуште).
  • Се плаши од духови, надприродно и зли духови.
  • Се плаши од лоши луѓе кои би можеле да ги повредат, да провалат во нивната куќа, да ги убијат или киднапираат.
  • Се плаши некој да не ги гледа низ прозорот.
  • Се плаши да биде сам дома.
  • Се плаши од интернет ликови.
  • Се плаши од смрт или некој нивни близок да не умре.
  • Се плаши дека нешто лошо ќе им се случи на неговите родители додека не е со нив (сообраќајна несреќа).
  • Се плаши да не ги разочара родителите.
  • Се плаши од болести, болки, акни и повреди.
  • Се плаши да не му се слоши во јавност или на училиште.
  • Се плаши од бактерии и да не се разболи.
  • Се плаши да не се отруе.
  • Се плаши од доктори, забари, инекции и други медицински препарати.
  • Се плаши од тестови.
  • Се плаши да не потфрли на училиште, иако добро му оди, или да не потфрли во спортот.
  • Се плаши од школски презентации и испрашувања.
  • Се плаши да не го исмеваат врсниците.
  • Се плаши од немање другари.
Photo by Séan Gorman on Unsplash
  • Се плаши да не се здебели, од акни и други проблеми поврзани со неговиот изглед.
  • Се плаши од летање, висина.
  • Се плаши од возење во забавни паркови.
  • Се плаши од оган.
  • Се плаши астероид да не ја удри Земјата.
  • Се плаши од војни и терористички напади.
  • Се плаши од климатски промени и природни катастрофи.
  • Се плаши да не биде бездомник во иднина.
  • Се плаши од сообраќајни несреќи.
  • Се плаши од вооружен напад во училиштето или други вооружени напади.

 

Да  имаат стравови додека растат вашите деца, е сосема нормално. Но, ако вашето дете се чувствува како заробено или неспособно да функционира нормално поради одредени стравови, во тој случај, најдобро ќе биде да се обратите кај вашиот педијатар или детски терапевт.

Photo by frank mckenna on Unsplash

Разликата помеѓу нормалното грижење и анксиозното нарушување е видлива. Иако чувствувањето анксиозност е нормална реакција на стресна или опасна ситуација, на вашето дете може ќе му треба помош ако однесувањето му е надвор од нормалата или се случува постојано или почнува да му смета во секојдневното функционирање и здрав развој.

 

Сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.