ТОП 10 ВЕЖБИ ЗА РАСТЕГНУВАЊЕ НА ВАШЕТО ДЕТЕ

Сподели:

Децата треба да одржуваат баланс помеѓу физички вежби и долгите часови кои ги поминуваат седнати пред нивите компјутери или во училницата. Но, пред да започнат со фитнес режим, најпрво треба да се растегнат и загреат за да продолжат со понапорни вежби. Вежбите за растегнување ги одржуваат зглобовите и мускулите пофлексибилни. Растегнувањето го намалува ризикот од истегнување на екстремитетите и грчеви, а воедно, ја зголемува раздвиженоста и кондицијата.

Погледнете ги десетте најдобри вежби за растегнување за зголемување на нивото на енергија на вашето дете и подгответе го за вежбање.

 

Топ 10 вежби за растегнување:

Вежба број 1:

Слика: Shutterstock

Ова е совршена активност за вашето дете да започне со растегнување, но исто така и релаксира.

  • Кажете му на детето да клекне долу со раширени колена, но прстите од стапалата да се допираат. Не е проблем и ако колената му се споени. Нека проба на двата начини и само нека одлучи која позиција му е позгодна.
  • Кажете му да се наведне за да го допре подот или навлаката со своето чело. Рацете нека ги постави паралелно со нозете, со дланките свртени нагоре, или пак испружени напред пред главата.
  • Во оваа позиција кажете му да вдиши и издиши три до пет пати.

Вежба број 2:

Слика: Shutterstock
  • Нека легне детето на грб со свиткани колена. Нека ја стави едната рака под грбот.
  • Кажете му да ги стегне стомачните мускули и да го исправи грбот на подот.
  • Нека ја држи оваа позиција пет секунди. Не мора да го задржува воздухот. Повторете.

Вежба број 3:

Слика: Shutterstock
  • Детето нека легне на подот, со лицето надолу, а лактовите на страна. Брадата треба да ја вовлече навнатре додека лежи долу, а главата треба да биде подигната, не на подот. Нека стои во оваа положба десет секунди.
  • Сега кажете му да се врати на првичната положба и нека издише.
  • Оваа вежба за растегнување треба да се прави пет пати на ден.

Вежба број 4:

Слика: Shutterstock
  • Оваа вежба ќе ги опушти рамениците на вашето дете и горниот дел од грбот
  • Кажете му да седне кон наслонот од столот. Левата рака нека ја стави на скутот, а со десната рака нека се истегне силно кон таванот.
  • Следно, нека се наведне кон левата страна и нека ја истегне десната рака над главата, тегнејќи се кон левата страна. Кажете му да брои до десет додека вдишува и издишува.
  • Повторете ја оваа вежба со десната рака на скутот.

Вежба број 5:

Слика: Shutterstock
  • Како прво и најважно, кажете му на вашето дете да застане на сите четири и да почне да се мрда со колковите горе-долу правејќи мост. Бидете сигурни дека колената и лактовите се прави.
  • Сега, кажете му да го подигне едното стапало и да го стави над зглобот од спротивното стапало.
  • Нека ја наведне петата подолу до подот.
  • Сега нека ја подигне петата, кревајќи ја назад кон зглобот од стапалото. Повторете ја вежбата пет пати. Оваа вежба е една од полесните за растегнување, но успешно ги зајакнува мускулите на вашето дете.

Вежба број 6:

Слика: Shutterstock
  • Детето нека се исправи, но колената нека бидат малку накривени, а нозете нека бидат раширени со ширина на рамениците.
  • Кажете му да ги подигне рацете до висина на рамениците.
  • Со свиткување на лактото, нека ротира со торзото кон десно, потоа кон напред и на крај кон лево. Бидете сигурни дека, додека го прави ротирањето, нозете да не се виткаат. Торзото е единствениот дел кој треба да се движи.

Вежба број 7:

Слика: Shutterstock
  • Кажете му на детето да стои со раширени стапала во ширина на рамениците. Нека ги истегне рацете на страна и нека ги држи паралелно со подот.
  • Држејќи го грбот исправен, нека се наведне до колковите и со левата рака нека го допре спротивото стапало.
  • Детето треба да се растегнува со бавно темпо, користејќи странични движења. Може да ги витка колената кога се наведнува.
  • Кажете му да се врати на првичната положба и да ја повтори вежбата но со другата рака. Оваа вежба ги зајакнува зглобовите и мускулите.

Вежба број 8:

Слика: Shutterstock
  • Кажете му на детето да стои исправено. Нека ја подигне едната нога и нека го свитка коленото, со истата рака нека го дофати стапалото, а со спротивната рака нека се потпре на ѕидот за рамнотежа.
  • Кажете му да го повлече стапалото што може поблиску до задниот дел од бутниот мускул, но да не претерува, за да не се истегне.
  • Прашајте го дали го чувствува растегнувањето или не. Ако не го чувствува растегнувањето кажете му да го турка стапалото со дланката додека тоа турка кон бутниот мускул. Оваа вежба е многу забавна.
  • Забелешка – за оваа вежба, телото мора да биде исправено и колената едно до друго низ текот на целата вежба.

Вежба број 9:

Слика: Shutterstock
  • Кажете му на детето да седне и да ги спои ѓоновите од патиките. Колената треба да се истакнати нанадвор.
  • Сега, држејќи ги зглобовите од стапалата речете му на детето да влече навнатре кон телото.
  • Кажете му полека да се наведне напред и да ја држи таа позиција.
  • За подлабоко растегнување, кажете му на детето да ги притисне бутовите со лактовите за да ги донесе колената поблиску до подот. Растегнувањето ќе се почувствува во колковите, препоните и внатрешните бутови.

Вежба број 10:

Слика: Shutterstock
  • Кажете му на детето да го префрли едното стапало преку другото и со рацете нека посегне кон таванот.
  • Броејќи од еден до десет нека се обидува да го наведне телото, носејќи ги рацете кон прстите од нозете.
  • Додека ја прави оваа вежба кажете му на детето да вдишува и издишува длабоко.
  • Кажете му да се врати во исправена положба. Нека ја повтори вежбата со другата нога.

 

Децата може да ги прават овие вежби после подолго играње со другарчињата, после спортски тренинг или секогаш кога ќе се почувствуваат напнати и нервозни. Но, бидете сигурни дека ќе ги следат чекорите внимателно. Ако вашето дете страда од повреда или тренира одреден спорт, во овој случај, посоветувајте се со фитнес тренер или физички терапевт за да ги одредите најсоодветните вежби за растегнување на вашето дете.

Имате ли вие некои вежби за растегнување за деца кои би сакале да ги споделете со нас? Ако имате, ве молиме оставете ни коментар долу.

Сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.