50 ПРАШАЊА КОИ МОЖЕТЕ ДА ИМ ГИ ПОСТАВИТЕ НА СВОИТЕ ДЕЦА НАМЕСТО “ КАКО ТИ ПОМИНА ДЕНОТ”

Сподели:

Фрлени во секојдневните обврски и обземени со решавање на професионални и домашни задачи, многу често родителите забораваат како да комуницираат со своите деца. Нивната комуникација се сведува на едноставна комуникација од типот:

  • Како помина во градинка/училиште?
  • Што имаш за домашно?
  • Каква оцена доби денес?
  • Дали ја научи лекцијата за утре?

Родители, сте се запрашале ли дали овие прашања им стануваат досадни на вашите деца, на моменти и заморни и избегнуваат да ви дадат одговор, дури и ги сфаќаат како наредба или укор за незавршена работа.

Слика: Pixabay

Со цел да ја подобрите комуникацијата со вашите деца, ви даваме листа од 50 прашања кои може да им ги поставувате на вашите деца, наместо стандардното „Како ти помина денот?„. Одбравме некои прашања кои се посебно добри за  после нивниот долг ден во училиште кога тие и не се баш расположени за разговор. Практикувајте ги овие прашања во тек на еден месец, и на крајот на месецот споделете ја со нас промената во комуникацијата со вашето дете и во взаемниот однос.

Слика: Pixabay

 

  • Што те расположи денеска?
  • Можеш да ми дадеш пример кога си видел некој да се однесува добро / или ти си се однесувал добро спрема некого?
  • Или пример кога некој се однесува лошо. Како реагираше во таква ситуација?
  • Дали сите имаат со кого да се дружат за време на одмор?
  • Како се викаше книгата која ја читаше учителката на час?
  • Кој е зборот на неделата?
  • Дали некој направи нешто смешно денес?
  • Дали некој плачеше?
  • Дали направи нешто креативно?
  • Која е најпопуларна игра на одморите?
  • Што беше најубавото нешто што се случи денес?
  • Дали му помогна некому денес?
Слика: Pixabay
  • Дали му се заблагодари некому денес?
  • Со кого седеше за време на голем одмор?
  • Што те насмеа?
  • Дали научи нешто ново?
  • Кој те инспирираше денес?
  • Што беше најдоброто што се случи денес, а што најлошото?
  • Во кој дел од денот ти беше најлош?
  • Дали денес некој беше отсутен од училиште?
  • Дали некогаш се чувствуваш небезбедно?
  • Дали слушна нешто што те изненади?
  • Дали виде нешто што те натера да размислуваш?
  • Со кого си играше денес?
Слика: Pixabay
  • Кажи ми нешто што го научи денес, а не го знаеше вчера.
  • Што ти беше предизвик денес?
  • Кој направи да се чувствуваш лошо денес?
  • Дали ти се допадна ужинката?
  • Оцени го твојот ден на скала од 1 до 10.
  • Дали некој имаше проблем денес?
  • Беше ли храбар денес?
  • Какви прашања постави ти денес во училиште?
  • Кажи ми две убави работи што ти се случија денес.
  • Што планираш да правиш утре?
  • Што читаш?
Слика: Pixabay
  • Кое беше најтешкото правило што мораше да го почитуваш денес?
  • Научи ме нешто што не знам.
  • Ако имаш моќ да промениш нешто во твојот ден, што би било тоа?
  • Дали се чувствуваш подготвен за тестот по историја? Или, имаш ли нешто на ум за што би сакал да разговараш?
  • Со кого ја подели ужинката?
  • Што ја насмеа твојата учителка? А што пак ја натажи?
  • Каква личност беше ти денес?
  • Што те направи да се чувствуваш среќен?
  • Што те направи да се чувствуваш горд?
  • Што те направи да се чувствуваш сакан?
Слика: Pixabay
  • Дали научи некој нов збор денес?
  • Што се надеваш дека ќе направиш пред да заврши школската година?
  • Ако можеш да бираш со кого би седел во иста клупа, со кого би седел и зошто?
  • Кој дел од училишната зграда ти е омилен, а кој најмалку омилен?
  • Кога би се имал шанса да се смениш со твојата учителка утре, што би предавал?

Ги очекуваме вашите искуства после еден месец. Среќно!

Сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.