ДАЛИ ГАЗИРАНИТЕ СОКОВИ СЕ ОДГОВОРНИ ЗА ДЕТСКОТО ДЕБЕЛЕЕЊЕ?

Сподели:

Кога бевме деца, брат ми беше зависен од газирани сокови, исто како и татко ми. Единствената разлика помеѓу нив двајцата беше тоа што татко ми можеше да проголтува конзерва по конзерва, односно онолку колку сака од таа слатка течност, додека на брат ми му беше дозволено да пие само литар и половина дневно.

Во одреден момент брат ми сфати дека газираниот сок е одговорен за неговиот голем стомак, кој постојано растеше, и затоа се одлучи да престане да го пие.

Оваа одлука не му беше воопшто лесна, но некако на крај успеа. Сега е возрасен човек и не се доближува до газирани сокови ниту до пиво. Ако го погледнете сега, нема да верувате дека газираниот сок некогаш бил негов другар. Ако вашето дете е близок другар со газираните сокови, сега е време да му ставите крај на тоа пријателство.

detsko debeleenje
Слика: Pixabay

Колку шеќер има во газираните сокови?

Сигурно знаете дека газираните сокови се преполни со шеќер, но знаете ли колку шеќер има во 350 милилитри сок? 350 мл сок можеби не изгледа како голема количина, но во неа има 10 супени лажици шеќер. Да, 10!!!

Ако ве замолам да ставите десет супени лажици во вашето кафе или чај, замислете колку ужасен вкус би имал тој напиток. Или, заборавете на кафето и чајот, замислете да ставите толку шеќер во чаша ладна вода. Ако додадете малку шеќер во ладна вода, таа ќе има убав вкус, но ако претерате како во случајов, вкусот ќе биде повеќе од ужасен.

zavisnost od seker
Слика: Pixabay

Во зависност од тоа колкаво количество газиран сок внесува вашето дете во текот на денот, тоа секако внесува стотици и стотици празни, непотребни калории.

Овие калории не им снабдуваат на вашите деца никаква хранлива вредност, освен што ги прават подебели. Да претпоставиме дека вашето дете внасува 350 мл газиран сок секој ден, значи тоа внесува 140 непотребни калории, тоа се скоро 980 калории неделно или повеќе од 1400 калории месечно – сите празни, непотребни и без никаква хранлива вредност.

Шеќерот ги дебелее вашите деца на два начина: прво, тој се претвора себе си многу брзо во глукоза која лесно се таложи на телото како маснотии, и второ, ги прави постојано да се гладни.

gazirani sokovi
Слика: Pixabay

Ќе забележите дека, иако сте изеле едно чоколадо пред многу кратко време, вие, наеднаш повторно се чувствувате гладни. Сега, кога знаете колку е лош газираниот сок за вашите деца сигурно се прашувате како да го отстраните од нивниот живот.

Да бидеме реални, воопшто не е можно целосно да го отстраниме газираниот сок од секојдневието на нашите деца, мислам, и ние возрасните имаме потешкотии со намалување на алкохолот и цигарите. Но, прв чекор кон некакво отстранување ќе биде контролираното внесување на газираниот сок.

Како газираниот сок влијае на вашето тело?

ТЕЖИНА:  Пиењето една конзерва газиран сок дневно е исто како да сте внеле 18 килограми шеќер на годишно ниво. Редовното внесување зашеќерени пијалаци во интеракција се со гените кои влијаат на тежината. Пијалаците кои се засладени со шеќер директно се поврзуваат со повеќе од 180.000 смртни случаи предизвикани од прекумерна дебелина.

МОЗОК:  Со внесувањето на премногу шеќер во нашата исхрана се намалува производството на мозочната хемикалија која ни помага на паметиме работи, да учиме и да го обработува инсулинот. Внесувањето премногу шеќер исто така ви го ослабнува мозочниот механизам кој треба да ве предупредува дека треба да престанете да јадете.

БУБРЕЗИ: Високото ниво на фосфорна киселина во газираните сокови се поврзува со бубрежните камења и други бубрежни проблеми. Диеталните газирани сокови се поврзани со двојно поголем ризик за бубрежните проблеми, посебно ако се внесат двојна количина на ден.

gazirani sokovi
Слика: Pixabay

ДИГЕСТИВЕН СИСТЕМ:  Карбонизацијата во газираните сокови предизвикува гасови, надуеност, грчеви и влошување на синдромот на нервозни црева. Кофеинот, исто така, може да ги влоши епизодите на дијареја и тврда столица.

КОСКИ: Внесувањето на газирани сокови се поврзува и со остеопорозата и губењето на густината на коските, нејверојатно поради фосфорната киселина и кофеинот.

СРЦЕ: Хроничната исхрана и редовното внесување на газирани сокови доведува до зголемување на ризикот од срцеви заболувања, вклучувајќи го и срцевиот удар.

gazirani sokovi
Слика: Pixabay

БЕЛИ ДРОБОВИ: Колку повеќе пиете газирани сокови поголема е веројатноста да развиете астма и хронично заболување и опструкција на белодробните патишта при што се чувствува отежнато дишење и болка при истото.

ЗАБИ: Големото количество на сода во газираните сокови ги оштетуваат вашите заби, тоа е исто како да пиете киселина.

Како да ја спречите зависноста на вашето дете од газирани сокови?

  1. Ставете една до две супени лажици во чаша ладна вода и натерајте ги да го испијат ова. Давајте им го овој напиток колку што можете почесто. Нема да им се допаѓа. Секоја количина на шеќер е штетна за вашите деца, но овие две супени лажици можат да помогнат да се ослободите од оние десет поопасни.
prirodni sokovi
Слика: Pixabay
  1. Подготвувајте им овошни сокови. Не им купувајте готови густи сокови бидејќи и тие се подеднакво лоши како газираните. Што е можно повеќе цедете им свежо овошје. Ова е уште еден начин да им ги оттргнете мислите од газираните сокови.
  2. Ограничете им го внесувањето на газирани сокови на вашите деца на една лименка неделно. Полека, но сигурно ќе ги научите на предноста што ќе ја имаат ако ги одбегнуваат газираните сокови.
Сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.